Достапни линкови

Деведесетмина повредени во Тајланд


Повеќе од деведесетмина се повредени во протестите во Банкок, соопштија властите. Портпаролот на армијата изјави дека двајца војници биле застрелани при судирите со антивладините демонстранти во близина на мостот Пан Фах. Тајландската полиција соопшти дека пукала во насобраните демонстранти со гумени куршуми и дека повредените се пренесувале во болници. Демонстрантите, облечени во црвени маици, се приврзаници на поранешниот премиер Тхаксин Шинаватра и официјално протестираат против тешките социо – економски услови во земјата.
XS
SM
MD
LG