Достапни линкови

Педесетина милитанти убиени во Пакистан


Пакистанските воени сили убија 54 милитанти во воздужни напади во близина на авганистанската граница, соопштија пакистанските власти. Државен службеник во изјава за новинската агенција „Асошиејтед Прес“ потврдил дека нападот се случил во областа Оракзаи, каде се стационирани талибанските милитанти и припадници на Ал Каеда. Ова е втор напад во изминативе 48 часа. Во петокот во вооружен судир меѓу милитантите и пакистанската војска загинаа осумнаесетмина талибаци.
XS
SM
MD
LG