Достапни линкови

Гордана Јанкулоска, Министер за внатрешни работи


Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи

Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи

Еден чекор кој е се уште во фаза на дообработка, размислување и ќе биде предмет на разгледување најпрво на Владата, и доколку Владата се согласи потоа и на Собранието на РМ, тоа е повторно спроведување на одредени активности што значат собирање на нелегалното оружје што е во оптек бидејќи статистиките говорат дека најголем дел од овие престрелки се престрелки во кои е употребено оружје кое се поседува без дозвола.

Какви сознанија има МВР во однос на информациите според кои исламскиот фундаментализам е закана за Балканот во целина вклучително и за Македонија?

Ние во континуитет значи со години наназад постојано разменуваме информации со соодветните безбедносни служби од нашите партнерски организации и кога велам, партнерски организации не мислам само на земјите од регионот туку многу пошироко, буквално сите оние држави кои се наоѓаат во глобалната коалиција против и кои се потенцијален таргет на овие групи. Впрочем и Македонија како земја која партиципира во глобалната битка против тероризмот, која партиципира во глобалната коалиција за светскиот мир, и на крајот на краиштата земја која има присуство во Авганистан и секаде онаму каде што светот води борба против овие екстремни движења, ние секако дека сме на мапата на потенцијални дестинации или таргет земји на овие организации. Оттука постојано ги разменуваме информациите и ги следиме оние потенцијални жаришта на проблемите, но исто така важно е што низ целокупната досегашна соработка нашите безбедносни служби се профилираа како стабилен партнер кога станува збор за глобалната борба против тероризмот и оттука рамо до рамо со сите безбедносни служби ние активно партиципираме во глобалната коалиција за мир.

Какви активности преземате за спречување на евентуална таква опасност?

Значи она што може една безбедносна служба да го направи пред се е размена на информации и за да ги добиете информациите кои доаѓаат од доверливи извори неопоходно е да се профилирате како служба која располага со проверени и сигурни информации. Следната работа што една држава може да ја направи е активно да ги следи сите случувања и да партиципира во конкретни активности. И тука можам да кажам дека Македонија повторно се профилираше како стабилен партнер во смисла на безбедносните информации кои што ги обезбедуваме, но и со нашето учество во различни мисии во светски рамки.

Престрелките во центарот на Скопје не беа наше секојдневие. Дали според статистичките податоци сигурносната ситуација на граѓаните се влошува или се подобрува во последните неколку години?

Статистиката практично говори нешто друго. И покрај тоа што сепак јас во целост се сложувам дека непријатна е сликата кога имаме акти на насилство кои се случуваат во текот на денот во центарот на главниот град или во другите градови во Македонија. Меѓутоа она што го говори статистиката е практично нешто што е спротивно на она што е општ впечаток. На пример бројките за 2009 година покажуваат намалување на трендот на регистирани случаи на насилен криминал, намалувањето е од 3,8% што секако не треба да не прави премногу задоволни, но е индикатор дека се преземени одредени мерки кои што се покажале како вистински. Бројот на расчистени разбојништва, значи сепак се тоа акти на насилство, само во изминатата година изнесува 274 расчистени разбојништа и споредено нели со бројот на денови во една година, практично ние имаме ситуација каде што секој ден ние расчистуваме по едно разбојништво.

Да, тоа се бројките, но како гледате на тоа што престрелките се преселија во центарот на Скопје?

Токму тоа и го зборувам значи ние во никој случај неможеме да бидеме задоволни и покрај тоа што бројките говорат дека процентот е намален, сепак она што се случува не е нешто што ни влева доверба или не е пријатно да се доживее и да се гледа. Оттука, она што ние го правиме се преземање репресивни мерки во функција на откривање на сторителите и тука можам да кажам дека бележиме зголемена успешност. Значи еве кога зборуваме за престрелките, тука имаме една исклучително висока ефикасност од 92% на расчистени случаи, но во никој случај тоа неможе да не прави задоволни се додека имаме вакви настани и преземаме низа мерки кои што се комбинирани. Дел од мерките се оние репресивни мерки што ги преземаме за откривање на сторителите, дел од мерките се во делот на превентивата за запознавање на јавноста со казните за вакви кривични дела и со она со што би се соочиле потенцијалните сторители и во крајна линија еден чекор кој е сеуште во фаза на дообработка, размислување и ќе биде предмет на разгледување најпрво на Владата, а потоа доколку Владата се согласи со ваквиот чекор кој го планираме, и на Собранието на РМ, а тоа е повторно спроведување на одредени активности што значат собирање на нелегалното оружје што е во оптек бидејќи статистиките говорат дека најголем дел од овие престрелки се престрелки во кои е употребено оружје кое се поседува без дозвола.

Дали полицијата треба да побара поголеми овластувања од оние што ги има?

Можеби фокусот треба да падне на едно друго место, а тоа е запознавање на јавноста со овластувањата на полицијата. Што е она што треба и може да се очекува од полицискиот службеник, што се неговите права, но што се и неговите обврски посебно кога станува збор за почитување на човековите права и на тој сегмент постои уште простор за подобрување на работите, односно за промоција на она што значи работа на полицијата и доближување на работењето на полицијата до обичниот граѓанин.

Како ги објаснувате зачестените грабежи на банки и на што се должи тоа?

Банките и финансиските институции и сите оние што оперираат на дневна основа со поголема количина на готовина секако дека е неопходно да преземат превентивни мерки, бидејќи најчесто она што е работа на полицијата доаѓа отпосле, односно во моментот кога настанот веќе се случил и тоа е откривачката функција и за тоа може да зборуваме во поглед на мерките и активностите што МВР ги презема за откривање на сторителите. Ние имаме ситуација каде што оние кои што се сторители на кривични дела не ретко се доста инвентивни и користат методи кои што во минатото биле доста не познати токму затоа откривањето на овие настани се соочува со потешкотии, но факт е дека превентивната компонента во целиот ланец на настани е можеби клучната компонента и тука неопходно е и банките и менувачниците и обложувалниците, сите оние што оперираат со готовина, да ги преземат сите оние мерки што би значеле пред се безбедност за нивните вработени и безбедност за нивните објекти.

Дали според бројот на издадени лични карти и биометриски пасоши може да се каже дека за една дво милионска држава успеавте да одговорите соодветно на потребите со оглед на тоа дека за одредени термини се закажува за наредната година, а се чека за веќе готови документи и по некоку дена?

Заклучно со први април МВР има издадено над 1 610 000 биометриски документи што секако е една добра бројка, но очигледно е дека тоа во целост не одговори на барањата на граѓаните. Со оглед на тоа дека се работи за една висока технологија, современа технологија која не секогаш може да ги прифати новите барања кои не биле дел од дизајнот на системот во 2005 година, се соочивме со ,,тесно грло“ во процесинг системот, односно неможност да ги издадеме сите документи за кои граѓаните веќе аплицирале и тука направивме чекор напред со тоа што потпишавме договор со фирмата која практично обезбедува гаранција на системот, за обезбедување на една дополнителна машина за персонализација и очекуваме некаде пред летните одмори да пристигне оваа машина за да се зголеми капацитетот кој во моментов изнесува само пет илјади документи во текот на еден ден. Веруваме дека со доаѓањето на новата машина токму овие рокови што се закажани за следната година, ќе може да ги поместиме понапред заради можноста процесинг Центарот да може да персонализира повеќе документи во еден ден.

Дали наплатувањето на услугата за вадење лични документи по итна постапка ја отвара можноста за злоупотреби?

Оваа постапка не само што не ја отвара можноста за злоупотреба туку јас би рекла дека ја затвора можноста за злоупотреби, бидејќи е дефинирана и прецизирана и точно се знае кој се активности треба да се преземат и тоа е еден строго контролиран процес каде што се прави контрола и на квалитетот и на квантитетот. Тоа значи и на бројот на издадени патни исправи по ваква постапка и на бројот на патни исправи што се издаваат со соодветен квалитет бидејќи режимот на издавање на овие патни исправи е сосема поинаков од режимот на издавање на редовните документи и токму затоа трошоците се поголеми.

Можете ли да наведете некои земји каде што на овој начин се спроведува процедурата?

Секако дека роковите на издавање на документите зависат од повеќе фактори, но пред се зависат од големината на инвестицијата што секоја земја ќе ја направи, односно од моќта на системот, но влијаат и други фактори. Секако влијае и бројот на барања на граѓаните, бројот на базни станици, бројот на население и ред други фактори. Важно е да се напомене дека во најголем дел од земјите, роковите за издавање на документи, тука мислам на земји од ЕУ, но и пошироко, е предвидено документите да се издаваат од 30 до 60 дена и токму затоа е предвидена една ваква постапка како што е итната постапка, каде што граѓаните неопходно имаат потреба за побрзо издавање на документот може да го добијат во една скратена постапка. Инаку со инвестицијата што е направена, односно договорена во 2005 година Македонија се одлучила за еден ваков систем, со еден ваков капацитет, но факт е дека тоа е техничко решение што функционира со одредени проблеми и ние сме ,,врзани“ со ова решение, бидејќи договорот со фирмата што го сервисира трае до 2017 година.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG