Достапни линкови

Авганистанскиот претседател добил писмо од Обама


Кабинетот на авганистанскиот претседател соопшти дека американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо на Хамид Карзаи, во кое се потврдува целосната подршка на официјален Вашингтон за Авганистан. Во писмото, како што соопшто кабинетот на Карзаи, Обама му се заблагодарува на авганистанскиот претседател за гостопримството при неговата посета во Кабул. Американскиот претседател му напишал на авганистанскиот колега дека Соединетите американски држави „и појнатаму ќе бидат стратешки партнер на Авганистан“. За сега нема информации кога писмото е испратено и не се знае кога Карзаи го примил дописот. Во изминатиов период претседателот Карзаи ја обвинуваше меѓународната заедница за изборен фалсификат.
XS
SM
MD
LG