Достапни линкови

Загина претседателот на Полска


Смоленск 10.04.10
Смоленск 10.04.10
Лех Качински загина во авионска несреќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:56 0:00
Полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија, шефот на централната банка, началникот на генералштабот и многумина други полски официјални претставници се меѓу 96-те жртви на авионската несреќа кај рускиот град Смоленск. Авионот Тупољев 154 се урнал во шумата на 2 километри од аеродромот во Смоленск, веројатно поради лошата видливост, по што се распарчил и избувнал пожар. Политичките последици ќе бидат долгорочни и веројатно ќе ја сменат политичката слика во Полска, оцени професор Јацек Василевски од Варшава, каде што денеска граѓаните се во шок, се собираа околу претседателската палата и палеа свеќи и оставаа цвекиња.

„Дојдов овде како и сите други од Варшава, сите сме шокирани од информацијата. Тоа е голем шок за нас, тешко е да се каже било што.“

Дописникот на Радио Слободна Европа од Варшава Михаел Хиршман јави:

„Не бев далеку од претседателската палата кога одекна веста. Луѓето доаѓаат и остваат цвеќиња. Сите медиуми се тука.“


Портпарол на полската влада изјави дека вршител на должноста полски претседател ќе биде претседателот на долниот дом на Парламентот Бронислав Коморовски, до одржувањето на предвремените претседателски избори. Свикана е и итна седница на Владата. Полскиот министер за правда изјави дека ќе нареди специјална истрага за несреќата. Рускиот претседател Дмитриј Медведев испрати сочуство и вети блиска соработка со Полска во истрагата. Премиерот Владимир Путин ќе биде на чело на специјалната комисија за испитување на причините за несреќата. Телеграми со сочувство до Варшава испраќаат речиси сите земји, меѓу кои од Европската Унија, Соединетите Држави, НАТО, Израел.
Полската делегација на чело со претседателот Лех Качински денеска требаше да присуствува на одбележувањето на 70 годишнината од масакрот во Катинската шума, во близина на Смоленск. Лех Качински е роден во 1949-та година во Варшава. Во ноември 2002-ра година беше избран за градоначалник на Варшава, а од декември 2005-та година беше претседател на Полска.


  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG