Достапни линкови

logo-print

Загина претседателот на Полска


Полскиот претседател Лех Качински загина денеска во авионска несреќа во близина на рускиот град Смоленск. Според руските и полските новински агенции, авионот во кој бил претседателот Качински, неговата сопруга и други официјални владини и воени претставници на Полска, се урнал при слетувањето во Смоленск и притоа загинале сите 96 патници и членови на екипажот. Авионот ТУ-154, според извештаите, закачил во дрвјата при слетувањето, се распарчил и се запалил. Се претпоставува дека причина за несреќата била густата магла, бидејки пилотите имале проблеми при слетувањето и се обидувале повторно да го дигнат авионот. Лех Качински патуваше за Катин на комеморација на жртвите од Катинскта шума. Рускиот претседател Дмитриј Медведев веднаш го повикал премиерот Владимир Путин да состави комисија за утврдување на причините за несреќата, а рускиот министер за вонредни ситуации е испратен во Смоленск.
Лех Качински е роден во 1949-та година во Варшава. Во ноември 2002-ра година беше избран за градоначалник на Варшава, а од декември 2005-та година беше претседател на Полска.
XS
SM
MD
LG