Достапни линкови

Сите баратели на азил во Белгија ќе бидат вратени дома


Приливот на азиланти од јужна Србија и од Македонија во Белгија, престана, но белгијските власти имаат податоци дека уште околу илјада лица се во Белгија. Се превземаат мерки и тие да бидат вратени во своите земји, изјави портпарол на Уредот за странци во белгијската влада. Според истиот извор, кон крајот на овој месец, со авион ќе бидат вратени во Скопје 50-тина азиланти од Македонија. Станува збор за лица кои доброволно прфатиле да се вратат во својата земја, а белгиските власти планираат да организираат повеќе вакви летови. Според властите во Брисел, и другите баратели на азил ќе бидат вратени, само ќе биде време, поради законската процедура.
XS
SM
MD
LG