Достапни линкови

САД и Израел имаат добри односи


Американската администрација верува дека израелската делегација на самитот за нуклеарна безбедност, што ќе се одржи во наредната недела во Вашингтон, ќе биде голема и покрај тоа што премиерот Бенјамин Нетанјаху реши да не присуствува. Ние секако би сакале да дојде и премиерот, но ќе присуствува неговиот заменик и други официјални претставници, изјави американскиот советник за национална безбедност Џим Џонс. Тој додаде дека односите меѓу САД и Израел се добри и оти Вашингтон сеуште нема донесено одлука за новата стратегија за мир на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG