Достапни линкови

logo-print

Забрана за пушење во Хрватска


Во Хрватска од денеска стапува во сила заострениот закон за забрана на пушењето, по 6 месечниот грејс период за малите кафетерии. Од денеска, пушењето во Хрватска е дозволено само во кафулињата помали од 50 метри квадратни, доколку имаат инсталирано посебен вентилациски систем. Во поголемите објекти, смее да се пуши во посебни делови, кои не смеат да бидат поголеми од 20 насто од целиот објект. Онаму каде што се служи храна, пушењето е забрането.Овој закон во Хрватска е донесен во минатата година и предизвика остри протести од сопствениците на кафулиња и ресторани.
XS
SM
MD
LG