Достапни линкови

logo-print

Киргистан: привремената влада отфрла разговори со претседателот


Лидерот на самопрогласената нова влада Роса Отунбаева изјави дека не планира да разговара со отстранетиот претседател Курманбек Бакиев. Тој по напуштањето на главниот град Бишкек се наоѓал на југот на земјата. Бакиев изјави дека бил подготвен да разговара со опозицијата, но не и да се откаже од власта. Делегација на привремената влада на Киргистан денеска замина за Москва да побара руска економска помош. Европската унија најави дека утре во Киргистан ќе отпатува специјалниот пратеник Пјер Морел. На улиците на Бишкек денеска било мирно, а во Киргистан е прогласена дводневна жалост за 75 лица убиени за време на немирите.
XS
SM
MD
LG