Достапни линкови

Пресудата по жалбата на Тарчуловски во мај или јуни


Хашкиот трибунал се очекува во мај или јуни да ја донесе пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за 12 годишната затворска казна за случајот Љуботен, изјави за МИА адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски. Oдбраната побара тој да биде ослободен од сите обвиненија. Обвинителството пак, смета дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиство на десет припадници на безбедносите сили. Судскиот совет во јули 2008 година го ослободи поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски од обвиненијата за Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години.
XS
SM
MD
LG