Достапни линкови

Сервер: за решение на спорот за името е потребна политичка волја


Она што е потребно е политичка волја кај двете страни за да најдат компромис за името и тоа би сакал да го видам уште годинава, вели Даниел Сервер, директор на Институтот за мир во Вашингтон во изјава за МТВ, пренесува МИА. ,,Мислам дека прашањето за името мора да се реши низ преговори меѓу Македонија и Грција. Американците се обидуваа да придонесат за решение преку дипломатија, но сметам дека никој во Вашингтон не може да го стори тоа наместо вас,, изјави Сервер.
XS
SM
MD
LG