Достапни линкови

МВР ќе го собира нелегалното оружје


Оружје

Оружје

Министерството за внатрешни работи предлага измени на законот за оружје по итна постапка, со што се предвидува собирање на нелегалното оружје. Статистиките на МВР покажуваат дека се позачестените престрелки кои што ја вознемируваат јавноста се извршуваат токму со оружје кое се поседува без дозвола.

Во најголем број од кривичните дела се користи нелегално оружје и затоа е важно тоа да се тргне од улиците. Една од мерките кои ги предлага МВР е соддржана во дополнувањата и измените на законот за оружје по итна постапка со кои во рок од една година по неговото усвојување се овозможува да се легалзира оружјето, а она што не може да се легализира, а тоа е војничкото оружје да се предаде во полициските станици:

„Еден чекор кој што е сеуште во фаза на дообработка и размислување и ќе биде предмет на разгледување најпрво на Владата, а потоа доколку Владата се согласи со ваквиот чекор кој го планираме и Собранието на РМ е повторно спроведување на одредени активности кој би значеле собирање на нелегалното оружје кое што е во оптек, затоа што статистиките говорат дека најголем дел од овие
Повторно спроведување на одредени активности кој би значеле собирање на нелегалното оружје кое што е во оптек, затоа што статистиките говорат дека најголем дел од овие престрелки се токму престрелки во кои што е употребено оружје кое се поседува без дозвола.
престрелки се токму престрелки во кои што е употребено оружје кое се поседува без дозвола“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела, коментирајќи ги дел од мерките кои се преземаат за намалување на се позачестената употреба на оружје во последно време што ја загрижува јавноста.

Меѓутоа она што го говори статстиката е спротивно на општиот впечаток односно бројките за 2009 година покажуваат намалување на трендот на насилен криминал од 3,8 проценти во споредба со минатата година, велат во МВР. Тоа не треба да не прави многу задоволни, но е индикатот кој покажува дека се преземени одредени мерки кои се вистински, изјави Јанкуловска.

Инаку измените на законот кој се предлага не планираат акција за собирање на оружјето бидејќи не постои економска основа за органзирање акција туку МВР се одлучува на тоа дека секоја сабота во текот на наредната година граѓаните ќе може да го предаваат оружјето во полициска станица која е најблиска на местото на живеење, доколку истото е воено и кое не може да се легализира. Втората можност е она според која оружјето може да се легализира доколку станува збор за оружје наменето за лов, спорт, колекцинерство. Ако нема активност која тоа би го пропагирало, измените на законот нема да имаат резултат, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност:

„Ако има кампања, јас очекувам дека ќе има резултати. Преку медиуми да се објаснува дека рокот за предавање на нелегалното оружје, а да не бидат казнети граѓаните е од една година и дека тоа тие можат да го направат. Бидејќи граѓаните не читаат Службени весници и закони, тие тоа не го знаат.“
Ако има кампања, јас очекувам дека ќе има резултати.


Измените на законот содржат решенија кои се проверени и имплементирани во регионот како во Босна и Херцеговина и во Хрватска.

„Со овој закон ќе дојде до намалување на употребата на нелегалното оружје. Тоа не треба да бидеме оптимисти дека оние лица кои набавиле оружје за потреби на криминал итн, дека целосно ќе го предадат“, вели Владимир Пандиловски од националната асоцијација за оружје.

Во 2002-та година беше извршено истражување според кое се проценува дека тогаш во земјава имаше околу 120 илјади парчиња нелегално оружје. Од тоа околу 11 илјади беше собрано во акцијата „Жетва“ во 2003 година. Полицијата во изминатве седум години собрала уште 20 илјади парчиња. Но, се проценува дека уште 80 илјади парчиња нелегално оружје се наоѓа во рацете на граѓаните, вели Марковски од Балканскиот форум за безбедност.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG