Достапни линкови

Поголема соработка меѓу американските и македонските бизнисмени


Амбасадорот Филип Рикер неодамна укажа дека компаниите од САД не се доволно претставени во Македонија
Амбасадорот Филип Рикер неодамна укажа дека компаниите од САД не се доволно претставени во Македонија

Според Американската Стопанска комора во Македонија, потребно е зголемување на соработката помеѓу македонските и американските бизнисмени. Оттаму изразуваат надеж дека економската соработка ќе се продлабочи доколку се надминат некои веќе познати проблеми, како проблемите околу имотно-правните односи и бирократските процедури.

Се уште има многу простор за развивање на деловните врски меѓу американските и македонските бизнисмени, велат од Американската Стопанска комора во Македонија. Досега, интерес за проширување на својот бизнис имале пред се американските фирми кои веќе имаат свои преставништва во регионот, но од Комората се надеваат дека таа соработка ќе се продлабочи ако се надминат некои проблеми. За само неколку месеци, Комората организираше две тркалезни маси на кои Стопански комори од регионот разговараат за искористување на бизнин потенцијалите и за привлекување на инвеститори. Претседателотот на одборот на Американската Стопанска комора, Илијанчо Гаговски вели дека целта им е да го олеснат создавањето на деловните врски помеѓу американските и македонските фирми.

„Ние не прифаќаме да имаме улога само на брокер, односно да чекаме да се случи некаква потенцијална комуникација, па после ние да упатиме со кого се може некој потенцијален инвеститор да се чуе. Нашата идеја е во овој дел да заземеме една многу поактивна улога и се надеваме дека овој начин на соработка и активност на Американската Стопанска Комора ќе придонесе за интензивирање на комуникацијата.“

Извршниот директор на американската комора Соња Мекгурк, вели дека соработката на американските со домашните фирми досега била добра и дека земјава станува се поатрактивна за странските инвеститори, иако тие наидуваат на низа проблеми:

„Мислам дека се подобрува климата. Најверојатно, се уште има фирми кои што се жалат и кои гледаат препреки за инвестирање во Македонија, на пример со поседувањето на земјиште, со откупување, добивање на градежни дозволи меѓутоа како што поминува времето ситуацијата се подобрува и најверојатно ќе биде подобро.“

Освен бирократските проблеми на деловните врски дополнително влијае и тоа што Македонија се уште не е дел од ЕУ и НАТО, велат експертите. Професор Јован Пејковски вели дека ќе има повеќе инвестиции ако се решат нерешените прашања.

„Странските инвестиции со решавање на оние прашања кои што ние ги знаеме, а тоа се влезот во ЕУ и НАТО може да се очекува дека би биле зајакнати.“

Неодамна амбасадорот Филип Рикер во интервју за „Бизнис“, изјави дека компаниите од САД не се доволно претставени во Македонија, од аспект на бизнис и инвестиции. Според Рикер, напливот на неуспешни тендери, исто така, ја намалува довербата дека фирмите ќе добијат фер третман.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG