Достапни линкови

Москва: конструктивни предлози за Иран


Русија соопшти дека на состанокот на шестт светски сили во Њујорк за можните нови санкции на Обединетите нации против Иран поради неговата нуклеарна програма, биле понудени конструктивни предлози. Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин им изјави на новинарите дека на состанокот зад затворена врата преовладувало мислењето да се направат напори за дипломатско решавање на спорот со Техеран. Вчера во Прага американскиот и рускиот претседател Барак Обама и Дмитри Медведев го предупредија Иран дека би можело да се соочи со последици доколку не ги почитува меѓународните барања.
XS
SM
MD
LG