Достапни линкови

Обама бара брза ратификација на договорот со Медведев


Претседателот на САД Барак Обама се сретна со 11 лидери на НАТО-членките од централна и источна Европа со цел да ги убеди дека подобрувањето на односите со Русија нема да значи послаби безбедносни врски со поранешните советски сателити.
Обама се сретна со сојузничките лидери во Прага, откако го потпиша договорот за намалување на нуклеарното оружје со неговиот руски колега Дмитриј Медведев.
Тој повика и на брза ратификација на договорот за намалување на нуклеарното оружје од страна на американскиот Сенат.
Обама ги повика и републиканскиоте сенатори да гласаат за договорот. За да го добие неопходното двотретинско мнозинство договорот треба да го подржат и најмалку 8 републикански сенатори. Договорот треба да биде ратификуван и од руската Дума.
Американскиот претседател и неговиот руски колега Дмитри Медведев вчера во Прага потпишаа договор со кој се ограничуваат нуклеарните арсенали на двете земји.
XS
SM
MD
LG