Достапни линкови

Русија ја признава новата киргистанска власт, САД воздржани


Русија се движи кон признавање на самопрогласеното политичко раководство на Киргистан, додека САД се уште не одлучиле дали ќе ја признаат новата власт.
Во меѓувреме се огласи и киргистанскиот претседател Курманбек Бакиев. Тој ги отфрли наводите дека се повлекол и тврди дека е легитимен претседател на земјата. Сепак, признава дека е протеран од главниот град Бишкек и дека нема реална моќ во земјата.
Рускиот премиер Владимир Путин, телефонски разговарал со опозициската лидерка Олга Отунбаева, веднаш откако беше објавено дека таа е на чело на привремената киргистанска администрација. Путин понудил помош, откако во немирите по кои дојде до преземање на власта во Киргистан загинаа 75 луѓе.
Стејт департментот соопшти дека внимателно ги следи настаните и дека е во контакт и со опозицијата и со власта на Киргистан, но дека не сака да заземе страна.
Во Киргистан има и руска и американска воена база.
XS
SM
MD
LG