Достапни линкови

Нетанјаху не сака разговори за израелскиот нуклеарен арсенал?


Израелски функционери соопштија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ја откажал планираната посета на Вашингтон, каде што требаше да присуствува на Самитот за нуклеарна безбедност, што го организира американскиот претседател Барак Обама. Неименувани фунционери велат дека Нетанјаху ја донел оваа одлука, по најавите дека Египет и Турција можеби планираат да го повикаат Израел да го потпише договорот за неширење на нуклеарното оружје и да дозволи меѓународна инспекција на нуклеарните постројки.
Израел ниту потврдува, ниту демантира дека има атомска бомба.
Се очекува на состанокот во Вашингтон да присуствуваат повеќе од 40 земји. Тема на разговорите ќе биде спречувањето, нуклеарното оружје да дојде во рацете на милитантни организации.
XS
SM
MD
LG