Достапни линкови

Фуере – Не само за Уставот, дијалог е потребен за се


Евроамбасадорот Ерван Фуере
Евроамбасадорот Ерван Фуере

Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека лидерската средба за уставните измени е охрабрувачки чекор за дијалог меѓу политичките партии, посебно во услови кога тој не е присутен онаму каде што треба да се води, во Парламентот. Тој и со порака дека не само за уставните измени, лидерите треба да разговараат и за сите други важни прашања за земјата.

Предлогот да се измени Уставот е прашање за кое треба да разговараат политичките партии и владата. Но, лидерската средба претставува еден охрабрувачки чекор во тој правец. Ние секогаш сме за одржување на вакви средби, како и за ваков дијалог, посебно во услови кога тој не е присутен онаму каде што треба да се води во Парламентот. Не треба да се започнува дијалог само за уставните измени туку и за сите прашања важни за земјата и за кои е потребно да се разговара, ова го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере по
Колку повеќе постои тој дијалог, толку повеќе ќе има простор за самите лидери на политичките партии да се осврнат кон проблемите кои што го измачуваат народот, а успешниот дијалог токму помеѓу лидерите на политичките партии ќе резултира со успешен дијалог и во Парламентот, каде што тој дијалог барем во овој момент се соочува со потешкотии
трибината на тема ,,Заедничко градење на општество за сите, предизвици на сиромаштијата и нееднаквоста“ во ЕУ инфо центарот:

,,Колку повеќе постои тој дијалог, толку повеќе ќе има простор за самите лидери на политичките партии да се осврнат кон проблемите кои што го измачуваат народот, а успешниот дијалог токму помеѓу лидерите на политичките партии ќе резултира со успешен дијалог и во Парламентот, каде што тој дијалог барем во овој момент се соочува со потешкотии.“

Во однос на предлозите на партиите Нова Демократија и ДУИ уставните судиии да одлучуваат по бадентеров принцип, Фуере вели дека тоа е прашање за партиите.

,,Сепак е прашање за дискусија помеѓу самите политички партии.“

Фуере не ја подржува одлуката на пратениците на СДСМ да ги напушта редовните координации со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и со останатите координатори на парламентарните пратенички групи.

,,Сметам дека ваквите гестови не се целосно наместо посебно што од гледна точка, таквите координативни средби, таквите координативни тела постојат со една намена, а таа е да бидат разгледани и расправени сите теми кои што се на дневен ред.“

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски од СДСМ, како и Имер Селмани на Нова Демократија и Али Ахмети на ДУИ на лидерската средба одлучија да се формираат работни групи кои ќе ги разгледуваат предлозите за измените на уставот во однос на судскиот совет. Фуере уште еднаш ги потсети партиите дека еден од законите која бара ваква дебата е законот за антидискриманација со кој треба да се исполнат европските законски норми за тој целосно да биде имплементиран.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG