Достапни линкови

Тадиќ: Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово


Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој рече дека овој став му го пренел на врвен дипломат од Вашингтон. Тадиќ вчера се сретна со заменик државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг. Српскиот претседател нагласи дека Србија инсистира на повеќе разговори за Косово како и изнаоѓање на, како што рече, „компромисно решение согласно кое никој нема да биде губитник или плачко“. Косово прогласи независност од Србија во септември 2008 година.
XS
SM
MD
LG