Достапни линкови

Околу 200 лица затрупани под земја во Бразил


Повеќе од 150 лица настрадаа во поплавите кои предизвикаа лизгање на земјиштето во Бразил, соопштија властите. Последното лизгање на земјиштето затрупа околу 200 лица во градот Нитерои, во близина на главниот град на Бразил, јавија новинските агенции. За сега нема информации за жртви. Во земјата се уште има поројни дождови, кои не престанаа од понеделникот. Најмногу регистрирани жртви има во Рио Ди Жанеиро, главниот град на Бразил.
XS
SM
MD
LG