Достапни линкови

Уставните измени неизвесни


Лидерска средба
Лидерска средба
За најмногу еден месец ќе се знае дали Уставот воопшто ќе се менува. Ова е заклучокот од денешната лидерска средба, на која покрај веќе познатите барања на Нова демократија за воведување бадентеров принцио и во одлучувањето на Уставниот суд, денеска и лидерот на ДУИ излегол со слични предлози.

Партиите имаат поделени ставови, но не власт-опозиција туку партии од македонскиот наспроти партии од албанскиот блок. Барањата на Нова демократија и на ДУИ не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Имер Селмани од Нова демократија, денеска по барање на лидерот на ДУИ, Ахмети, се договориле да формираат работни групи на кои ќе ги разгледаат сите предлози.
Премиерот Груевски вели дека работните групи ќе имаат рок од две недели да ги разгледаат барањата и ако се усогласат, за најмногу еден месец ќе има наредна средба. За Груевски не се прифатливи предлозите за менување на Уставот, освен во делот за Судскиот совет.
Ќе знаеме следниот пат дефинитивно, дали ќе има или ќе нема, но доколку ова стане услов што сега беше кажано, во тој случај нема да има.


„Ќе знаеме следниот пат дефинитивно, дали ќе има или ќе нема, но доколку ова стане услов што сега беше кажано, во тој случај нема да има.“

Лидерот на ДУИ, Ахмети не одговори дали прифаќањето на неговите барања ќе биде услов за давање согласност за промени на Уставот во делот на Судскиот совет.

„Доколку може предлозите да бидат прифатливи би било добро и до крајот на месецов ќе има уште една лидерска средба, под услов експертските групи да ги усогласат ставовите.“

Лидерот на Нова демократија, Селмани, пак, побара и Буџетот да се носи со бадентерово мнозинство, односно да има подршка од Комитетот за односи меѓу заедниците. Тој е малку поостар во оснос на Ахмети кога се работи за условувањето на подршката.
Ако сите предлози на опозицијата, односно на Нова демократија, бидат отфрлени, ценам дека тогаш одговорноста за неуспехот на уставните измени ќе биде во рацете на мнозинството.

„Јас не би сакал да бидат однапред осудени на неуспех, но ако сите предлози на опозицијата, односно на Нова демократија, бидат отфрлени, ценам дека тогаш одговорноста за неуспехот на уставните измени ќе биде во рацете на мнозинството, односно на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.“

Црвенковски вели дека начелно го прифаќа предлогот на Груевски за измени на Уставот во делот на Судскиот совет, но оти има забелешки за одредени непрецизности. Предлозите на Селманни не се прифатливи ни за СДСМ, вели Црвенковски.

„Тие аргументи што тој ги соопштува во однос на буџетот може да важат за кој било закон. Од тие причини мислам дека таквиот предлог не е добро да се прифати.“

Црвенковски вели дека прифаќањето на неговиот предлог за измени на Уставот, со кои кривичните дела поврзани со транзицијата нема да застаруваат, не е услов за тој да ја даде согласноста за измените во делот на Судскиот совет. Груевски, пак, смета дека предлогот на Црвенковски е политичлки блеф, затоа што не може да се донесе закон што ќе важи ретроактивнио.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG