Достапни линкови

Американското министерство за финансии ќе испрати повеќе луѓе во Авганистан


Американското министерство за финансии ќе испрати повеќе луѓе во Авганистан, со цел да се секнат изворите на пари за талибанските милитанти, соопштија од државната институција. Талибанците и понатаму имаат значајни ресурси за регрутирање и обука на нови членови, за извршување напади врз граѓаните на Авганистан и за спротиставување на американските воени сили, изјави Дејвид Коен, заменик секретар Министерството. Се верува дека талибанските милитанти обезбедуваат пари за нивните активности со продажба на дрога и преку донации од нивни подржувачи. Парите за милитантите вообичаено се донираат преку Пакистан.
XS
SM
MD
LG