Достапни линкови

Руски војници испратени во Киргистан


Руските власти го зголемиjа военото присуство во Киргистан по вчерашните немири во земјата. Околу 150 војници се испратени во Киргистан за да ја штитат руската база, потврдија руските власти. Премиерот на Русија Владимир Путин на опозициските лидери во Киргистан им понуди, како што ја нарече, „хуманитарна подршка“ при воспоставувањето на привремена влада. Инаку, НАТО базата во Киргистан е привремено затворена поради немирите. Како што соопштија од Алијансата, привремената суспензија на активностите во базата нема значајно да влијае на логистичката подршка за НАТО трупите распределени во Авганистан.
XS
SM
MD
LG