Достапни линкови

Обама и Медведев потпишаа нова спогодна за нуклеарно разоружување


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Димитриј Медведев денеска ја потпишаа новата билатерална спогодба за нуклеарно разоружување. Спогодбата СТАРТ ги обврзува двете земји да го намалат својот нуклеарен арсенал на 1550 парчиња нуклеарно оружје во секоја земја. Се проценува дека во САД и Русија се наоѓаат 95 проценти од вкупниот нуклеарен арсенал во Светот.

Навраќајки се на Руско - Американските односи, американскиот претседател изрази надеж дека билатералните односи меѓу двете земји ќе се подобруваат. „Кога САД и Русија не можат да работат заедно на одредени прашања, тоа не е добро ни за двете земји ни за другите нации“. Рече Обама, додавајки дека денешното потпишување е доказ за подобрување на билатералните односи меѓу САД и Русија. Американскиот претседател додаде дека потпишувањето на новата спогодба е само прв чекор во намалувањето на нуклеарниот арсенал во светот.
Рускиот Претседател Димитриј Медведев, заблагодарувајки му се на својот американски колега, нагласи дека денеска во Прага се случил значаен историски настан. „Ова е ’вин вин’ ситуација. Никој нема ништо да изгуби од овој договор. Ова е типичен пример за добра соработка. Овој договор претставува победа за целата меѓународна заедница“ рече Медведев.


XS
SM
MD
LG