Достапни линкови

Отунбаева на чело на привремената влада во Киргистан


Киргистанската опозиција соопшти дека ја превзела контролата во земјата и оти Парламентот е распуштен по вчерашните крвави протетси во кои загинале најмалку 65 луѓе. Лидерката на опозицијата Роза Отунбаева изјави дека таа е на чело на привремената влада која ќе ги координира активностите во наредните 6 месеци.
"Ние, како привремена влада, ги превземаме должностите на претседателот, парламентот и на владата".
Претседателот Курманбек Бакиев го напуштил главниот град Бишкек и според Отунбаева, веројатно во јужниот дел на земјата се обидува да ги организира своите подржувачи. Иако Отунбаева упати апел до киргистанците да останат мирни и да се воздржат од уништувања и грабежи, агенциите јавуваат за уништени возила, ограбени продавници и музеи. Меѓународната заедница повика на воздржаност од сите страни во Киргистан. Кина изрази загриженост од ситуацијата во Киргистан, а рускиот премиер Владимир Путин изјави дека бил изненаден од случувањата во таа земја, додавајки дека Бакиев ги повторил грешките на неговиот претходник Акаев, кој исто така беше соборен во 2005-та година.
XS
SM
MD
LG