Достапни линкови

Оставка на владата во Киргистан


Опозицијата во Киргистан соопшти дека премиерот Данијар Усенов си поднесол оставка, а од извори на аеродромот во Бишкек излезе информација дека претседателот Курманбек Бакијев го напуштил главниот град. Еден од лидерите на опозицијата, Темир Саријев рече дека премиерот Усенов потпишал оставка и оти е формирана нова влада на чело со поранешната министерка за надворешни работи Роза Отунбаева.
XS
SM
MD
LG