Достапни линкови

Србија ќе спроведе локални избори во две косовски општини


Српската Републичка изборна комисија донесе одлука за организирање избори за одборници на Собранието во косовските општини Косовска Митровица и Ново Брдо, закажани за 30 мај. Како што е наведено, комисијата ќе ги пропише правилата и обрасците за изборите и ќе организира техничка подготовка. Меѓународниот цивилен претставник во Косово Питер Фејт неодамна изјави дека локалните избори во северниот дел на Косовска Митровица, што ги распиша Владата на Србија нема да бидат признати, бидејќи во Косово се валидни само оние избори што ќе ги организираат властите во Приштина.
XS
SM
MD
LG