Достапни линкови

Уапсен несуден советник на хрватскиот претседател


Хрватската полиција го уапси Марко Ракар, несудениот советник на претседателот Иво Јосиповиќ, поради сомневање за вмешаност во неовластено објавување на интернет на регистарот на хрватските ветерани и бранители. Ракар, познат блогер и автор на блогот politika.com, е упасен под сомнение дека сторил кривично дело оддавање службена тајна, изјави портпаролот на хрватското Министерство за внатрешни работи. Ракар требаше да биде еден од советниците на претседателот на Хрватска, но откако се утврди дека на државата и е должен околу 137 илјади евра за даноци и придонеси, претседателот Јосиповиќ се откажа од неговото наименување.
XS
SM
MD
LG