Достапни линкови

Најмалку триесетмина загинати во Киргистан


Најмалку триесетмина загинаа денеска во Киргистан при судири меѓу полицијата и приврзаници на опозицијата, потврдија од киргистанското Министерство за здравство. Од опозициските партии во земјата, од друга страна, во изјава за новинските агенции, тврдат дека во денешните судири во главниот град Бишек загинале сто лица. Шефот за надворешни работи на Европската Унија Кетрин Ештон, генералнјиот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и рускиот премиер Владимир Путин изразија загриженост за состојбата во земјата. Портпаролот на Пентагон Брајан Витман изјави дека Соединетите американски држави внимателно ја следат состојбата во Киргистан. Во земјата е прогласена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG