Достапни линкови

Во немирите во Киргистан повредени 180 лица


Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека 180 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата. Портпаролката на Министерството Елена Бајалинова не специфицираше дали меѓу повредените има и припадници на полицијата. Исто така не е јасно дали повредените се само од главниот град на земјата Бишек, или има хоспитализирани и од други градови низ земјата. Француската новинска агенција „АФП“ јави дека во денешните немири загинале 17 лица. Агенцијата „Интерфакс“, пак, јави дека во Бишек загинале 21 лице. Телевизиските преноси во земјата се стопирани откако група демонстранти насилно влегоа во просториите на државната телевизија. Во Киргистан е прогласена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG