Достапни линкови

logo-print

Фуере порачува усвојување на европски закон против дискриминација


Евроамбасадорот Ерван Фуере, пред денешната расправа во Собранието за законот против дискриминацијата, од Гевгелија упати порака пратениците да усвојат европски закон во кој нема да недостасуваат одредби за лица со различна сексуална определба. „ЕУ на највисоко ниво упати барање и до премиерот и до владеачката партија да усвојат закон за заштита од дискриминацијата кој ќе биде базиран според легислативата на Унијата. Се надеваме дека денеска партиите во Собранието ќе ја прифатат пораката“ рече евроамбасадорот. Запрашан како ја коментира вчерашната забрана на вицеремиерот Васко Наумовски за директни контакти на вработените во Секретаријатот за европски прашања со канцеларијата на ЕУ, Фуере одговори дека директните контакти на сите нивоа се неопходни.
XS
SM
MD
LG