Достапни линкови

Германија ја поздрави нуклеарната стратегија на САД


Германскиот министер за надворешни работи Гуидо Вестервел денеска ја поздрави новата нуклеарна стратегија на Соединетите Американски држави и препорача Иран „повторно да се подготви за разговори и транспарентно да се откаже од било какво нуклеарно вооружување“. Согласно новата стратегија за нуклеарно вооружување, САД се обврзува дека нема да користи нуклеарно оружје против држави кои немаат нуклеарни капацитети. Во таа категорија држави не се вклучени Иран и Северна Кореа. Иранскиот министер за надворешни работи Маноучер Мотаки ја опиша новата амерканска нуклеарна стратегија како пропаганда.
XS
SM
MD
LG