Достапни линкови

logo-print

Авганистански државни службеници си поднесоа оставки


Двајца државни службеници од Авганистан, обвинети за учество во изборен фалсификат на ланските претседателски избори во земјата, денеска си поднеле оставки. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи претходно обвини високи државни службеници дека учествувале во фалсификат и дека биле поткупени од амбасадите на западните земји. Портпаролот на Карзаи изјави дека претседателот денеска ги прифатил оставките на Азизула Лудин, претседателот на авганистанската независна изборна комисија и Даоус Али Најафи, првиот офицер во изборната комисија. Карзаи ги обвини западните земји дека се обидувале да ја ослабнат неговара влада.
XS
SM
MD
LG