Достапни линкови

Во Шведска уапсен осомничен за масакар во Косово


Шведските власти денеска соопштија дека уапсиле Србин осомничен за извршување воени злосторства во Косово во 1999 година. Поручникот Томас Ацкехим изјави дека осомничениот бил уапсен вчера во северниот дел на Шведска. За уапсениот, по потекло од Косово, постојат основани сомнениа дека бил инволвиран во масакарот во Чуска, каде пред десетина години беа собрани и убиени повеќемина мажи и момчиња албанци. За сега не се знае дали осомничениот ќе биде екстрадиран.
XS
SM
MD
LG