Достапни линкови

Матичните лекари од денеска ќе добиваат помалку пари. Со стапување на сила на одлуката за намалување на капитациониот бод, тие наместо 50 денари, ќе добиваат по 45 денари од пациент. Ваквата одлука наиде на негодување во лекарските кругови.

Тие дури најавуваа и штрајк и непослушност, но сепак се надеваа дека министерот нема да дозволи одлуката да стапи на сила. Лекарите бараа и средба со премиерот, Никола Груевски со надеж дека работите ќе се сменат. Претседателот во оставка, на приватните лекари на Македонија, Д-р Стое Стојмановски вели дека се уште чекаат на средбата со премиeрот.
Мислам дека е добар потегот на лекарската комора да не презема радикални мерки и да го поремети системот. Товарот на реформите ќе мора да се распредели на сите чинители во здравството.


„Ние се уште чекаме прием од премиерот.“

Намалувањето на капитациониот бод на матичните лекари е времено решение додека да се консолидира здравствениот сектор, вели министерот за здравство Бујар Османи. Откако ќе ќе се стабилизира финансиската состојбата во здравстото, на сила ќе се врати старата одлука и лекарите ќе добиваат 50 денари од пациент.

„Мислам дека е добар потегот на лекарската комора да не презема радикални мерки и да го поремети системот. Товарот на реформите ќе мора да се распредели на сите чинители во здравството“, вели министерот за здравство.
Ние сеуште чекаме прием од премиерот.

Лекарската Комора на Македонија преку соопштение на нивната веб-страна вели дека ќе ги поддржи сите евентуални реакции што докторите би ги презеле како резултат на предложените мерки и дека Комората нема да преземе одговорност за последиците од ваквите мерки врз функционирањето на здравствениот систем.

Од синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита велат дека состојбите во здравството се лоши со години. Претседателот на синдикатот, Д-р Симон Силјановски вели дека се потребни многу реформи, меѓу кои и ревидирање на пакетот услуги.

„Вистината е дека пакетот на услуги е нерелевантен. Не можеш со ограничени средства да дадеш огромен пакет на услови, значи прво тој треба да се ревидира, а потоа и се друго, менаџирање, капацитети итн.“

И партиите од опозицијата се спротиставија на одлуката да се намали капитацијата со што лекарите ќе добиваат помалку пари.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG