Достапни линкови

Тајланд: демонстрантите влегле во парламентот


Демонстрантите против владата на Тајланд денеска влегле во зградата на парламентот, а дел од пратениците, како што јавуваат агенциите, морало да бидат евакуирани со хеликоптер. По барање на опозицијата демонстрантите се повлекле. Приврзаниците на поранешниот премиер Таксин Шинаватра кој во 2006 година со воен удар беше соборен од власта протестираат во Бангкок од 12 март. Тие најавија дека ќе се повлечат само доколку сегашниот премиер Абхисит Веџаџива го распушти парламентот и свика нови избори.
XS
SM
MD
LG