Достапни линкови

Петтмина убиени на протестите во Киргизстан


Најмалку пет лица биле убиени на денешните протести во Киргизстан каде што илјадници луѓе ја опколиле претседателската палата во главниот град Бишкек, барајќи оставка од претседателот Курманбек Бакиев. Агенцијата Ројтрес, повикувајќи се на очевидици, јави дека тела на најмалку пет убиени лежеле на централниот плоштад во близина на палатата. Новинарите на Радио Слободна Европа јавија дека имало престрелка меѓу специјалните полициски единици и демонстрантите. Претходно киргистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. Вчера властите ги приведоа опозиционите лидери Алмазбек Атамбаев и Омурбек Текебаев. Има извештаи дека стотици демонстранти денеска влегле во седиштето на локалните власти во Нарин. Во меѓувреме, во северозападниот град Талас во текот на ноќта, демонстрантите повторно ја презеле зградата на владата.
XS
SM
MD
LG