Достапни линкови

Мировниците на АРМ му помагаат на авганистанскиот народ


Помошта што македонскиот контингент му ја пружа на авганистанскиот народ и соработката со македонската чета што се наоѓа во главниот штаб на ИСАФ силите во Кабул се на високо ниво, оцени командантот на регионалната команда Леведн Чолак. Како што јавува агенцијата МИА, тој ова го рекол по синоќешната средба со македонската делегација на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, предводена од министерот Зоран Коњановски и началникот Мирослав Стојановски. Министерот Коњановски изјави дека на средбата со командантот на ИСАФ Стенли Меккристал слушнале највисоки оценки за професионалноста на македонските мировници, како и за јасната визија за тоа како Авганистан натаму ќе се справува со тероризмот.
XS
SM
MD
LG