Достапни линкови

logo-print

Во Иран, 35 новинари во затвор


Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека во Иран биле затворени најмалку 35 новинари. Многумина од нив, како што се додава, биле изложени на голем физички и психички притисок за да ги признаат делата кои не ги сториле, а за кои следува смртна казна. Комитетот прецизира дека за иранската Нова година привремено биле пуштени 18 новинари, но оти тие наскоро треба да бидат вратени во затвор.
XS
SM
MD
LG