Достапни линкови

Разрешен директорот на косовската полиција


Премиерот на Косово Хашим Тачи го разреши директорот на Косовската полициска служба Шеремет Ахмети и за вршител на должноста го именува Бехар Селими досегашен директор на граничната полиција, соопшти синоќа Владата во Приштина. Косовските медиуми наведуваат дека во јавноста веќе подолго време се шпекулирало оти Ахемти ќе бил разрешен, особено по минатогодишниот инцидент кога од просторија на полицијата за чување докази во Приштина исчезнале скоро 50 килограми дрога.
XS
SM
MD
LG