Достапни линкови

logo-print

Прв пат Русија и Полска заедно на комеморација за жртвите од Катин


Русија и Полска денеска прв пат заедно ќе им оддадат почит на илјадниците Полјаци убиени од советската тајна полиција во 1940 година. Рускиот премиер Владимир Путин и неговиот полски колега Доналд Туск ќе присуствуваат на церемонијата во селото Катин, каде што во 1940 година најмалку 20 илјади Полјаци, меѓу кои и офицери и интелектуалци, беа убиени по наредба на советскиот лидер Сталин. Во комунистичката ера Москва ги обвинуваше германските трупи за овие убиства, а во 1992 година тогашниот руски претседател Борис Елцин објави документ кој потврдува дека Сталин ја издал наредбата.
XS
SM
MD
LG