Достапни линкови

Стајнберг и Моратинос на средба со партиските лидери во БиХ


Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг и шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос денеска во Сараево ќе разговараат со лидерите на седум партии кои минатата есен учествуваа во таканаречените „бутмирски“ преговори за уставните промени во БиХ. Инаку, вчера високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, во разговорот со Моратинос и Стајнберг, изјави дека ситуацијата во земјата е вознемирувачка и оти изборите во октомври претставуваат можност за промена на овој тренд. Моратинос и Стајнберг изразија надеж дека предизборната кампања ќе биде насочена кон создавање подобри услови за живот на сите граѓани, како и на конкретни мерки, со кои би се обезбедило што е можно поскоро земјата да тргне по патот кон членство во ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG