Достапни линкови

Интер и Барселона во полуфинале, 4 гола на Меси


Фудбалерите на Интер и на Барселона се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампиони. Во синоќешните реванш натпревари од четвртфиналето, Интер и во Москва ја победи ЦСКА со 1:0, а Барселона го совлада Арсенал со 4:1. Маестрално играше Аргентинецот Лионел Меси, кој ги постигна сите 4 гола за Каталонците. Вечер реванш натпреварите ги играат Манчестер Јунајтед- Баерн и Бордо- Олимпик Лион.
XS
SM
MD
LG