Достапни линкови

logo-print

Интернет во градските автобуси


Градски автобус во Скопје

Градски автобус во Скопје

Бесплатен интернет засега има во само еден автобус, на линијата број пет, но доколку податоците за интересот меѓу граѓаните биде позитивен, ЈСП планира воведување на интернет во повеќе градски автобуси. Граѓаните генерално ја поздравуваат идејата, но некои велат дека треба да се поработи и реновирање на автобусите.

ЈСП во моментов не троши пари за поставување на безжичен интернет во автобусите, вели директорот на претпријатието Мишо Николов. Тој информира дека интернет има само во еден автобус што вози на линијата број пет, а во моментов се поставува интернет во уште еден автобус.
Во ред меѓутоа прво автобусите да се средат.

„Фирмата Неотел бесплатно ја отстапува својата опрема, а за возврат доби можност да ги информира патниците дека ВИФИ интернетот во тој автобус, е од нивната фирма.“

Николов вели дека проектот за интернет во нивните автобуси е пред се наменет за младата популација. Тој објаснува дека ова е тримесечен пилот-проект, по што треба да се анализираат резултатите.

„Фирмата Неотел ќе ни достави детална статистика, колку патници се конектирале на интернет, колку патници сурфале, колкава била нивната заинтересираност и врз база на тие податоци останува на ЈСП да одлучи дали има потреба од воведување на интернет или не во нашите автобуси.“

Граѓаните, пак, не се противат да има бесплатен интернет, но бараат прво да им се обезбедат автобуси со нормални услови.
Па, поодамна ова требаше да се стори.
Помладите пак, генерално ја подржуваат идејата.


„Во ред меѓутоа прво автобусите да се средат.“

„Па, поодамна ова требаше да се стори.“

„Зошто да не, мислам дека би било супер да имаме таква можност.“

„Не ми се допаѓа, зошто е превозно средство, а не е за интернет.“

„Добро е, зошто да не.“
Нашата интенција е да привлечеме што поголем број патници во автобусите


Поставувањето интернет во јавниот превоз, оваа недела е тема и во Хајд Паркот на Радио Слободна Европа. Вашите мислења, ставови и коментари на оваа тема можете да ги напишете на нашата интернет страна makdenes.org.

Директорот на ЈСП Николов вели дека ако има интерес кај граѓаните, интернет ќе биде поставен во новите автобуси. Тој најавува дека новите автобуси треба да почнат да пристигнуваат во Скопје кон крајот на јуни.

„Нашата интенција е да привлечеме што поголем број патници во автобусите.“

Николов вели дека ако граѓаните се задоволни од интернетот, ЈСП е подготвено да постави во повеќе автобуси.

„Се надевам дека повторно ќе биде во соработка со ваква некоја интернет фирма на која што ние би и отспатиле простор да се рекламира, а за возврат таа би вовела интернет во нашите автобуси.“



  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG