Достапни линкови

Манастирски комплекс Св.Богородица кај Матка


Три монахињи живеат во тивко секојдневие во манастирскиот комплекс Св. Богородица кај Матка. Пред две години во реновираните конаци е изградена и ткајачница, во која монахињите ги работат одеждите за свештените лица.

На влезот од Матка, во манастирискиот комплекс Св. Богородица е тивко.
Покрај реновираните конаци штотуку изградена работилница од 80-тина квадрати. Трите монахињи трпеливо работат врз една свештеничка одежда.

„Од Бугарија е, специјална машина за везење.“

„Ова е машина на пример за пеглање и лепење на лепенка. Мајка ми е шивачка, а јас сум дипломиран информатичар.“

А ткајачницата злато ткае амблеми и рабови од свечена наметка на еден од свештениците на МПЦ. Никој не открива колку чини, но се шие од природни матерјали.
Можеби има луѓе што доаѓаат, меѓутоа тоа не е толку често, барем не последниве неколку години, треба и храброст да се направи тој чекор. Многу доаѓаат, но и си заминуваат.


„Помага, но не е неопходно факултет за ваков тип на дизајни. Значи може и некој друг со познавање на компјутери. Има правила како се прават одеждите. Битно е дали е за свештеник, владина, ѓакон...“

Сестра Харитина е дипломиран информатичар и на компјутер ги одредува бордурите и белезите на една свечена свештеничка облека. Во овие велигденски празнувања, веројатно ќе го забележите колоритот од свештеничките одежди. Секоја од боите има своја симболика. Црвената ја означува крвта што ја пролил Христос, зелената е симбол на вечно блаженство, сината ја удостојува пресвета Богородица.

„Од 16-тиот век има палета на бои што се применува во изработката на одеждите“, објаснува игуменката Перпетуа.

Во манастирскиот комплекс Матка и работилницата што е изградена пред две години за првпат ќе се работи дел од одеждата на поглаварот г.г. Стефан, владика и на скопската епархија.

„Му имаме изработено два пара одејанија, мантиите не ги шие кај нас.“

Во манастирот Света Богородица за Велигден е живо, a на трите монахињи им помагаат и жените од околината. Но замоштувањето како да е во стагнација.

„Можеби има луѓе што доаѓаат, меѓутоа тоа не е толку често, барем не последниве неколку години, треба и храброст да се направи тој чекор. Многу доаѓаат, но и си заминуваат.“

Харитина дошла во манастирот една година пред да се отвори работилницата за одеждите на македонските владици и свештеници. На заминување од манастирскиот комплекс се разминавме со 30 годишна Јулија. Така ја поздравија монахињите и ни реакоа дека е дипломиран стоматолог, без работа. Го пронаоѓам мирот во манастирот, ни рече Јулија, не сакајќи да биде снимена. Можеби таа е следната искушеничка.
XS
SM
MD
LG