Достапни линкови

Се зголемува бројот на заболени од рак


Медицински персонал

Медицински персонал

Во југозападниот регион во Македонија дневно се откриваат по пет до шест новозаболени лица од рак. Во Битола, пак, секој ден се регистрира по еден нов пацинет со канцер. Од лигата за борба против ракот коментираат дека условите за лекување не соодветствуваат на прогресивната појава на болеста.

Во југозападниот регион во Македонија дневно се откриваат по пет до шест новозаболени лица од рак. Во Битола, пак, секој ден се регистрира по еден нов пацинет со канцер. Од лигата за борба против ракот коментираат дека условите за лекување не соодветствуваат на прогресивната појава на болеста.
Се движиме кон европско појавување на ракот. Меѓутоа, за жал не се движиме кон она што значи евроспки развој на онкологијата во овие подрачја


„Се движиме кон европско појавување на ракот. Меѓутоа, за жал не се движиме кон она што значи евроспки развој на онкологијата во овие подрачја. Постои деспаритет во однос на она што е можност за лекување на овие болни. Имаме една онкологија во Битола во која работам јас и неколку сестри и настојуваме да го покриеме целиот регион. Меѓутоа, во следените 10 години тоа ќе биде многу малку“,
вели онкологот д-р Петар Стефановски.

Тој посочува дека „ракот на дојката е најзастапен кај жените во целиот регион, а ракот на белите дробови кај мажите.“ Директорот на битолската болница Димче Кузмановски признава дека заради недостиг на кадар Одделението за онкологија кое е второ од ваков тип во државата, после Скопје, функционира само како дневна болница.
Нема 24 часовна здравствена заштита на онколошките пациенти. Во овој момент одделението располага со 12 кревети, располага со двајца лекари од кој едниот е на специјализацијa


„Нема 24 часовна здравствена заштита на онколошките пациенти. Во овој момент одделението располага со 12 кревети, располага со двајца лекари од кој едниот е на специјализација. Бројот на сестрите е три редовно вработени и една волонтер.“

За сега пацинетите во Битола добиваат само хемотерапија. „Во догледно време, следните три-четири години, клиничката болница во Битола не се планира апарат за здрачење, тоа е многу скапа инвестиција„, додава Кузмановски. Лигата за борба против ракот изработи декларација за правата на заболените.

„Редовност во терапијата, обезбедување на современа хируршко онколошка терапија, обезбедување на здрачпна терапија, пристап до современи методи на лекување. Еднаквост на сите пациенти на територијата на Македонија, да не треба да патуваат во Скопје за да обезбедат основни услови за своето здравје“, истакна Мирјана Палигора, претседател на Лигата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG