Достапни линкови

Фуере: Секоја иницијатива е добредојдена


Одговорот дали името на земјата ќе биде „Северна Македонија“ зависи од македонската влада, изјави евроамбасодорот Ерван Фуере по денешната посета на Антикорупциската комисија. Toj не прецизираше дали Европската унија би го поддржала ваквиот предлог како евентуално решение за долгогодишниот спор за името со соседна Грција. „Двете страни под раководство на Обединетите нации треба да најдат решение. Секоја иницијатива е добредојдена и многу е јасно дека постои огромна итност да се најде решение за ова прашање“ рече Фуере. Претходно, шведско радио јави дека има изгледи за решение на деветнаесетгодишниот спор за името, со можно прифаќање на предлогот „Северна Македонија“. Според информациите на медиумот, има изгледи за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција до јуни годинава.

XS
SM
MD
LG