Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун со забелешки за узбекистанските власти


Поставувањето на мини во делови на границите на Узбекистан е неприфатливо, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Тој додаде дека станува збор за тажна и комплетно неприфатлива постапка на узбекистанските власти поради која многу луѓе се жртвувани. Узбекистанските власти пред десетина години поставија мини покрај границата со Киргистан и Таџикиста. Бан Ки Мун е на тура во централноазискиот регион. До сега тој неколкупати ги повика лидерите на земјите од поранешниот Советски сојуз да го подобрат третманот на човековите права.
XS
SM
MD
LG