Достапни линкови

Спасувачките екипи не можат да влезат во рудникот во Вирџинија


Ќе бидат потребни најмалку два дена за да се пристапи во затрупаниот рудник за јаглен во Западна Вирџинија, каде во експлозија загинаа најмалку дваесет и петмина рудари. Напорите за повторно отворање на рудникот за сега се стопирани поради тоа што спасувачките екипи се сомневаат на високи концентрации на отровни гасови. Операцијата за откопување на телата на загинатите ќе продолжи откако ќе се извршат сите потребни мерења и откако ќе се превземат дополнителни безбедносни мерки. Причините за експлозијата за сега не се познати.
XS
SM
MD
LG